Во нападите на руски беспилотни летала во пограничната зона во Украина синоќа, осум лица беа ранети, додека руските сили пресретнаа 150 украински беспилотни летала.
Руското Министерство за одбрана објави на Телеграм дека противвоздушната одбрана до полноќ пресретнала 112 украински беспилотни летала, од кои 59 само во регионот Брјанск, на југозападот од земјата.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави на социјалните мрежи дека по полноќ биле соборени 33 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град.
Сообраќајот на три московски аеродроми беше прекинат во текот на ноќта.
Гувернерот на украинскиот пограничен регион Харков, Олег Синегубов, објави дека осум лица, меѓу кои и четиригодишно девојче, се ранети во нападите на руски беспилотни летала синоќа.
Украина е цел на масовни руски воздушни напади од саботата.