Осум израелски војници загинаа во борбите со Хезболах во Либан

Сподели со своите пријатели

Осум израелски војници се убиени во борбите со либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан од почетокот на копнената операција во таа земја во понеделникот, објави израелската армија.

Loading...

Во соопштението се наведува дека во тие борби се ранети пет војници и еден офицер.

Војската соопшти дека повеќе од 100 ракети и беспилотни летала биле истрелани врз Израел по повеќекратните напади на израелската војска врз упориштата на Хезболах во Бејрут во текот на ноќта, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија објави дека ја испраќа 36-та дивизија во Либан за да се приклучи на 98-та дивизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либанскиот парламент се обидува да избере претседател по 13-ти пат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази сочувство до семејствата на загинатите, велејќи дека „иранската оска на злото“ нема да успее да го уништи Израел.

Армијата проценува дека убила повеќе од 20 оперативци на Хезболах во село во јужен Либан во нападите утринава, наведувајќи дека ја презела контролата врз областа.

Израелската армија оперира во Либан од понеделникот вечерта, кога 98-та дивизија ја премина границата за да ја уништи инфраструктурата на Хезболах со цел да врати дома десетици илјади раселени Израелци од северот на земјата.