Осуденик од Куманово се полил со колонска вода и се самозапалил вчеранавечер околу 21:30 часот, јавува СИТЕЛ. Настанот се случил во Казнено – поправната установа од полуотворен тип во Битола, додека осуденикот престојувал во притвор.
Loading...
Поради сериозноста на повредите, осуденикот хитно бил пренесен во битолската општа болница, каде му биле констатирани изгореници од трет степен. Според информациите на СИТЕЛ, кумановецот се бори за живот.