Островот на смртта: Шокантната вистина зад експериментите со антракс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во 1942 година  научници го користеле островот Груинард во Шкотска за тестирање на антракс како оружје, во проект наречен „Операција вегетаријанец.“

Loading...

 

 

Точните детали за она што се случило на островот се појавија во 1997 година, кога филмот снимен од војската беше декласифициран. Прикажани се експерименти спроведени со озлогласениот антракс со кој Британија сакала да се вооружи за време на Втората светска војна. Проектот наречен бил „Операција вегетаријанец“.

Во летото 1942 година, војската го купила ненаселениот остров и им забранила на локалните жители да пристапат до него. Воен тим, под надзор на истражувачи, почнал да спроведува застрашувачки експерименти. Тие користеле добиток донесен на островот за да ги видат ефектите од антракс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова село се нарекува „Ромско Монако“: Го красат неверојатни палати (ВИДЕО)

Резултатите биле ужасни – за неколку дена по изложувањето, овците почнале да покажуваат симптоми и брзо умирале. Проектот продолжил до 1943 година, а војската го оценила како успешен.

Последиците од „Операцијата вегетаријанец“ беа катастрофални за островот. Антраксот е многу отпорен и може да преживее со децении во почвата. По војната, деконтаминацијата била тешка, а островот останал под карантин до 1990 година. Со серија хемиски третмани, Груинард конечно бил прогласен за безбеден, но мрачната историја на овој остров останува предупредување за опасностите од биолошката војна.

Loading...