Остин: Сојузниците на НАТО ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Сојузниците на НАТО ќе продолжат да испраќаат одбранбено оружје во Украина и едногласно го поддржуваат Киев, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред средбата со колегите од Алијансата.

„Остануваме обединети во поддршката на Украина“, изјави тој за новинарите.

 

Што понудил Киев на преговарачката маса?

 

Остин рече дека тие ја „осудуваат неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија“.

„Ја поддржуваме способноста на Украина да се брани и ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече тој, додавајќи дека ветувањето на НАТО е силно да ги брани сите сојузници.

 

Русија ги „опомена“ Хрватска и Словенија

 

Министрите за одбрана денеска се состануваат во седиштето на НАТО во Брисел на разговори за зајакнување на присуството на трупите и опремата на НАТО во источниот дел на Алијансата, вклучително и зајакнување на воздушната и ракетната одбрана.