Оставка од Царовска и референдум за образовните реформи, побараа родителите во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Група околу стотина родители во Куманово од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска протестираа пред Општина Куманово и побараа прекин на процесот на дигитализација на учебниците, реформите во образованието и оставка од министерката за образование и наука Мила Царовска.

Loading...

 

 

Со пароли „Стоп за укинување на историјата како предмет“, „Училница без книга е како тело без душа“, „Стоп за воведување сексуално образование“ и „Оставка на Царовска“ се собраа пред општинската зграда.

 

 

Loading...

Дел од барањата на иницијативата е референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за образовните реформи. Побараа и враќање на децата во училишните клупи.

 

 

Освен во Куманово денеска се протестира и во Скопје и во неколку други градови низ државата.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply