Оставиле кучиња заклучени во кафез да се удават, снимката од спасувањето го обиколи светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неименуван доброволен спасувач со големо срце спаси од сугрна смрт шест ловечки кучиња, кои сопствениците ги оставиле заклучени во кафез и самите избегале од поплавите кои ги донел ураганот Флоренс.

Кучињата биле заклучени во кафез во Лиленда, гратче во Северна Каролина, една од сојузните држави на истоток на САД, кои Флорес во текот на викендот ги поплави со силни дождови. Нивото на водата бргу растело, а кучињата немале да да избегаат.

Видеото од херојското спасување ги освои социјалните мрежи. Преплашените кучиа не можат да ја сокријат среќата што некој доаѓа да ги спаси и истрчуваат од кафезот откако спасувачот го отвора. Бргу се распливаа и отидоа на безбедно.

– Ги спасивме, но како заминувавме водата толку надојде што сигурно би се удавиле. Поведете ги милениците со себе, напиша новинарот Маркус Дипаола, кој присуствувал на спасувањето.

Leave a Reply