Оставил 250 патници во воз, затоа што му истекло работново време

Сподели со своите пријатели

Патниците во возот од Шченин на западот на Полска за Сувалки, на истокот од земјата, останале во шок кога нивниот машиновозач едноставно си заминал, а возот го оставил на железничка станица со образложение дека неговото работно време завршило.

Возот Шчечин – Сувалки преку Варшава веќе во старт доцнел 100 минути, а како патниците подоцна дознале, затоа што се чекало машиновозачот да го замени другиот кому му истекла 12-часотвната смена.

Кога конечно тргнал од Варшава по само 54 километри застанал на станицата Тлушч, за да на збунетите патници машиновозачот им бојасни дека нему баш во тој момент му истекло работното време и затоа си заминува.

Машиновозачот преку мегафон ни објасни дека нема да тргнеме следните час и половина, можеби и повеќе Дознавме дека маживонозачот не може понатаму да работи, затоа што возел 12 часа и тоа целосно го разбирам. Но, ме шокираше тоа што немаше друг да го замени. Дознавме подоцна дека и доцнењето од 100 минути било затоа што се чекала замена на машиновозачот кој не можел понатмау од истите причини – рекла една од патничките за полската телевизија „Полсат“.

Портпаролот на Желензници Интерести, Агњечка Сербењска соопштила на медиумите дека компанијата истражува како можело да се случи да нема замена, затоа што тие редовно се извршуваат и патниците тоа воопшто и не го забележуваат дека машиновозачите всушност се замениле.

Композицијата со 250 патници тргнала дури кога пристигнал новио машиновозач, а тој не дошол од Варшава туку од одалечениот Бјалисток.