Остатоци од кашест снег на патиштата во западна и североисточна Македонија

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни  коловози, а на повисоките места во западните и североисточните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 -100 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот и информира дека дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Текст: МИА / фото: Кумановски Муабети архива