Останале завеани во паб со денови, забава не им недостасуваше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 60 луѓе се заробени третиот ден во паб во Велика Британија откако останале по снежната бура.

Loading...

Пабот Тан Хил Ин се наоѓа на 528 метри надморска височина на околу 430 километри северно од Лондон.

Менаџерот Никола Таунсенд рече дека вработените во пабот организирале филмови, квиз и караоке за гостите кои престојувале.

 

 

Нив ги забавуваше и трибјут бендот Oasis, Noasis, кој исто така остана заглавен во пабот од нивната свирка во петокот вечерта.

Таа додаде дека гостите се расположени и дека се надева дека луѓето ќе си одат дома најдоцна до вечерва, кога ќе се расчистат патиштата.

Loading...