Останала во шок кога зад огледалото во својата бања открила стан (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако Саманта Хартсо случајно налетала на цел трособен стан скриен зад огледалото во бањата во нејзиниот дом во Њујорк, таа решила да ги игнорира лекциите од кој било добар хорор филм – и да истражува понатаму.

Loading...

„Љубопитноста ја уби мачката, љубопитноста ќе ме убие“, рече Саманта.

„Не можам да не знам што има од другата страна на мојата бања“, додаде таа.

Нејзината авантура, која се случила на почетокот на овој месец, била чудна дури и во озлогласениот пазар на станови во Њујорк, каде хорор приказните за недвижнините се скоро составен дел од набавката.

Во серијалот сега вирални видеа на ТикТок, Саманта изјави дека прво забележала промаја во нејзината бања, доволно силна за да ја заниша нејзината коса.

Кога погледнала зад огледалото, открила скриен стан.

Во скриениот стан, таа видела истрошени подови, урнати sидови и недостаток на тоалет.

Од каде станот зад огледалото сè уште не е познато, но Саманта вели дека дури и управителот на зградата не знаел што се случува.

Loading...

„Мислам дека сите во Њујорк имаат мали станови, но никогаш не знаете што ќе најдете“, рече таа.

 

Leave a Reply