Ученици од Општинското основно училиште „11 Октомври“ од Куманово денеска го посетија градоначалникот Максим Димитриевски во неговиот кабинет во општината.

– Денеска не посетија учениците од ООУ “11 Октомври” од Куманово исполнувајќи го мојот кабинет со радост и позитивна енергија, при што имаа можност директно да се запознаат со работата на Градоначалникот и Општината и да ни постават многу интересни прашања, информира градоначалникот.

Учениците имаа можност за дружба и во кабинетот на секретарот на општината Александар Гелевски.

Никола Ивановски

