Основачот на Whatsapp препорачува: Избришете го Фејсбук!

Сподели со своите пријатели

Коосновачот на апликацијата Whatsapp, Брајан Ектон повторно ги повика корисниците да ги избришат своите профили на социјалната мрежа Фејсбук.

Loading...

Тој пред студентите на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија го критикуваше Фејсбук и другите технолошки гиганти како Гугл, затоа што премногу се фокусирани на профитот, пренесува лондонскиот „Сан“.

Ектон во 2014 година го продаде својот дел од Whatsapp на Фејсбук за 14 милијарди долари, а компанијата ја напушти во 2017 година, затоа што, како што рече, не се сложува огласните пораки да се воведат во платформата за размена на пораките.

Ектон денеска е шеф на Сигнал, непрофитниот ривал на Whatsapp, а директорот на Фејсбук Марк Зукерберг го обвини дека тргува со приватноста на корисниците за да овозможи реклами на својата платформа и да го зголеми приходот.

Ова е втор пат Ектон да повикува на бришење на Фејсбук, тоа го направи преку Твитер, каде напиша „Време е да го избришете Фејсбук“, откако социјалната мрежа се вплетка во скандал со политичката консултантска фирма Кембриџ Аналитика, која неовластено пристапила до податоци на 87 милиони корисници.

Leave a Reply