Основачите на Инстаграм го напуштија Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Кевин Систром и Мајк Кригер кои го основаа Инстаграм, па го продадоа на Фејсбук, соопштија дека поднесуваат оставки, пренесе ВВС.

Актуелниот генерален директор на Инстаграм Кевин Систром и директорот за технолошки прашања Мајк Кригер ја основаа апликацијата во 2010 година. Две години подоцна Фејсбук ја купи за милијарда долари.

Сепак, медиумите претходниот месец пишуваа за несогласувања на основачите на Инстаграм и челните луѓе на Фејсбук, што довело до нивно конечно разминување.

Во својта објава на Инстаграм инфо центарот, Кевин Систром сепак како причина ја истакнува желбата да отвори ново поглавје и повторно развива креативност.

Кое е најфотографираното јадење на Инстаграм?

Loading...

– Мајк и јас сме благодарни за сите осум години на Инаграм и шест години во тимот на Фејсбук. Растевме од екипа со 13 луѓе до повеќе од илјада луѓе со центри ширум светотградејќи производ кој го користи и сака заедницата поголема од милијарда луѓе. Сега сме подготвени за ново поглавје, напиша меѓу другото Кевин Систром.

Тој исто така изразил загриженост дека во иднина ќе очекува нови чекори и иновации кои Инстаграм и Фејсбук заедно ќе ги смислат.

Претходно оваа година, компанијата Фејсбук ја напушти и основачот на „Ватс ап“, апликација која исто така ја купи Марк Зукерберг.

Leave a Reply