Вршителката на должноста претседател на Косово и собраниски спикер, Вјоса Османи, која од вчера е во тридневна официјална посета на Албанија, во обраќањето пред пратениците во законодавен дом, побара Парламентот на Албанија да донесе „резолуција за осуда на српскиот геноцид на Косово“.
-Го повикувам овој почитуван Парламент да се придружи кон Парламентот на Косово со донесување резолуција за осуда на српскиот геноцид зашто само кога ги обединуваме нашите гласови,тогаш ќе се слушаме насекаде,порача Османи.
Додаде дека „Косово не може да ја награди Србија со дел од својата територија, Србија мора да се казни и да се извини и тоа мора да им биде јасно на сите“.
-Денес дијалогот со Србија е се уште незаокружен и ние сакаме само взаемно признавање, неповредливост на нашата територија. Косово не може да ја награди Србија со својата територија. Србија мора да се казни и да се извини. Ова треба да му биде јасно на секого. Само кога ќе се обединиме, нашиот глас може да се слушне на територите на Србија. Правда за убиените деца, нашите сестри кои беа силувани од Србите,
Никој повеќе не може да го бара Косово. Имаме национална, човечка и морална должност, прво да го научиме поглавјето што се наоѓа пред нас. Србија сè уште не се предомисли. Ние мора да ги здружиме силите за да не се поништи вистината пред нашите очи. Вистината е само една дека Србија извршила масакри, рече Османи.
Денес, додаде, кога сум пред вас, албанскиот културен простор функционира, духовните врски, поради етнички корени, се продлабочуваат и нашата комуникација нè приближува уште повеќе.
-Албанија не е само татковина на нашите браќа и сестри, туку таа е и наш заеднички сон, таа е нашата историска меморија, огниште во кое сонувавме да живееме, во кое за жал многумина од нас се сретнаа само во студената војна. Стана наше огниште, дом на албанската гостопримливост, кое не одржува во живот, но и заедничката надеж за слобода. Вечно сме ви благодарни , посочи Османи.
Посочи дека никој на албанските простори не треба да биде преокупиран со тоа „ како експлодира вистинското лице на Србија, бидејќи нејзиното вистинско лице е докажано со геноцидната политика што ја водеше против нас“.
– За да може нашиот глас да биде слушнат насекаде, мора да се приклучиме на нашите напори во потрагата по правда, така што секој албански претставник во Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, а сега исто така и гласот на Шаип Камбери во српскиот парламент, да бара правда за жртвите што ги причини Србија,рече Османи.
Таа и со оценка дека албанскот народ е најмирољубив, најевропски и најамеркански,дека Албанија и Косово станале фактор на стабилност и мир и оти одат рамо до рамо во процесот на европска интеграција, признавајќи се и почитувајќи се едни со други.
Вера Тодоровска, Тирана