Не минаа ни два дена од нападот, а војската на старата Југославија беше заробена на реонот Крива Паланка – Страцин на чело со командантот на 22. пешадиски полк. Но, командатот на 22 пол не беше спроведен во воен логор. Тој беше облечен во униформа на германски офицер. Тогаш се виде во права боја неговото лице како петоколонаш. Војниците беа сместени во основното училиште на главната улица во Куманово.
Страшната слика ги свртуваше главите на минувачите. Наместо ученици да се гледаат, во училниците беа сместени коњи на германски на германската војска кои ги испружуваа своите долги вратови низ прозорците. Заробената војска беше сместена во приземјето и во дворот. Таа беше изморена измачувана и распарталена. Голем број меѓу нив не можеа нормално да одат, кривеа од што им беа набиени нозете.
Кумановската партиска организација кога биде дека е формиран воен логор, веднаш презеде мерки да ослободи извесен број воени заробеници. Макар што германската команда објави преку плакати дека никој не смее да крие и чува војници од старата Југословенска војска и во колку се најде такво лице, одговорните ќе платат со живот, акцијата не беше одложена.
Меѓу првите ослобоени воени заробеници беше Раја Недељковиќ, Драган Ступаревиќ познат и под мето „Стар комунист“ како и многу војници од Куманово, Врање, Скопје и други градови на Македонија. Оваа задача ја извршија поголем број комунисти и скоевци од нашиов град и тоа на следнив начин: кога германскиот војник се движеше покрај оградата на логорот во правецот на главната улица, група млади комунисти наидуваа и фрлаа цивилна облица во дворот. Војниците бргу ги земаа алиштата, одеа во клозетите на училиштето и се преоблекуваа. Акцијата беше помогната од сите граѓани на Куманово, а особено од оние семејства кои живееја покрај самото училиште, така што, сите тие луѓе дадоа помош да се сместат заробениците и како цивилни да изминат од своите родни места. Овој подвиг ќе остане вечно во сеќавањето на сите оние луѓе кои биле заробеници во воениот логор на Куманово.
Акција за собирање храна на воените заробеници
Градската партиска организација во Куманово знаеше да ги искористи и верските празници како што беа Велигден и неделите во 1941. година за да помогне со храна на воените заробеници кои се извлекуваа под бодликавата жица.
Младите комунисти им помагаа со подигање на жицата и ги извлекуваа со таква брзина без да забележат германските стражари дека избегале извесен број воени заробеници. Оваа задача беше доста сложена и ризична. Секој момент можеше да биде убиен некој од нашите другари или од војниците – заробеници. А имаше и такви случаи. Кога двајца војници се пручија преку жицата да земат леб од граѓаните беа стрелани од германската стража и висеа на оградата.
Оваа акција на комунистите добиваа многу лоша храна и малку леб. За да се спроведе оваа кција беше направен план. Беа формирани повеќе скоевски групи кои имаа задача да ги посетат скоро сите семејства во градот и да разговараат за давање храна на воените заробеници.
Секоја група имаше по една шпедитерска кола во која се ставаше собраниот леб, месо и јајца. Тие групи скоевци успеа за 3 дена да соберат повеќе од 5-6 коли леб и други прехрамбени продукти. Истовремено друга скоевска група доби задача пред гробиштата во Куманово да ги замоли мајките кои носеа храна да раздаваат меѓу себе да ја дадат храната на воените заробеници, без да го кршат лебот, месото и храната што ја носеа на гробиштата. Овој предлог беше прифатен од сите граѓани и може да се каже дека немаше ни една граѓанка што овој хуман гест не го прифати и не се одзва на предлогот на младите комунисти.
За да можеше да се предаде храната на заробениците беше нужно одобрение од германската команда во градот. За таа цел нашата партиска организација организира група луѓе, постари граѓани кои изразија желба да помогнат на воените заробеници говорејќи дека во овој град постоела отсекогаш традиција на војската која минувала низ градот или се наоѓа во логор, да и се помогне со храна, бидејќи таков гуман гест бил должност на нашиот град.
И овој предлог на нашите стари граѓани беше прифатен така што собранта храна беше предадена на воените заробеници. Ова наше внимание ги потресе воените заробеници. За овој случај сигурно си споменуваат и доста наши граѓани кои во тој период минале низ воениот логор во Куманово.
Сите споменати акции што ги извршија скоевските групи и групи комунисти од нашиот град, ќе останат во историјата на нашиот град, како скромен прилог на Народноослободителната борба и љубов кон оние луѓе кои биле под стража на германската фашистичка војска. Во овие акции ќе бидат вечно споменувани светлите профили на нашата партија како што се Перо Чичо, перо Наков, Љубе Гачев, Васе Гелев, Боро Менков, Наце Буѓони, Христијан Тодоровски Карпош, Толи Зордумис, Анѓел Шајче, како и многу други другари што раководеа со овие акции, кои покасно ги дадоа и своите животи за доброто на нашиот народ, за расцут на нашта социјалистичка татковина – Југославија.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Пишува: Перо Менков – „Наш весник“ број 1 (среда, 11 октомври 1961. година)