Ослободете се од мигрена: 8 ефективни начини да ја намалите болката и да го опуштите телото

Сподели со своите пријатели

Мигрена може да предизвика силна болка и често е придружена со гадење, повраќање и екстремна чувствителност на светлина.

Loading...

Луѓето кои патат од хронични главоболки велат дека болката ги спречува во секојдневните активности.

Покрај медицинските препарати, постојат и други (природни) начини да си помогнете себе си, а порталот Bright Side претставува некои од најпознатите.

 

 

1. Направете 100 процентен природен пијалок

Лековите за главоболка оставаат горчлив вкус во устата. Затоа ви претставуваме рецепт за природен пијалок, кој ќе ја ублажи болката и ќе го зајакне вашето тело.

Loading...

Состојки:

5 чешниња целер 1 лимон 1 краставица 3/4 шолја спанаќ и рукола 1 шолја магдонос 2 грама ѓумбир 2 јаболка

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во миксер и пијте.

2. Променете ја постелнината

Ако почувствувате проблем веднаш штом ќе станете од кревет, или за време на спиењето, можеби виновник е постелнината. Утврдено е дека одредени материјали, како што се полиестер или акрилик, можат да предизвикаат алергии и главоболки.

 

Loading...

 

3. Возење со отворен прозорец

Некои материјали, користени во автомобилската индустрија, можат да предизвикаат хронични главоболки или стрес. Затоа, на чувствителните лица им се препорачува да го отворат прозорецот (а) за време на возењето.

4. Држете го моливот помеѓу забите

Под напади на мигрена, имаме навика (несвесно) да ја стиснеме вилицата, што само ја влошува ситуацијата. Ставете молив помеѓу забите, што ќе ги релаксира мускулите и ќе ја намали болката.

5. Кора од банана во алкохол

Натопете ја кората во алкохол и ставете ја на челото. Легнете и прицврстете со газа. По 30 минути, кората ќе апсорбира токсини и ќе ја ублажи болката.

 

Loading...

 

6. Измешајте сок од лимон и сол

Ефектот на овој пијалок е непосреден. Ставете половина лажичка сол во чаша сок од лимон и пијте. Ќе го зајакнете имунитетот и ќе ја намалите главоболката.

7. Точката помеѓу палецот и показалецот

Добро позната точка на акупунктура помага при главоболки. Треба да притиснете силно, да ја подобрите циркулацијата и да ја намалите непријатноста. Можете исто така да го масирате местото.

Loading...

8. Пробајте јога

Постои мислење дека мигрена е блокада кај луѓе кои не можат, или не смеат, да се изразат. Во случај хроничната главоболка да е предизвикана од емоционален проблем, можеби јогата може да даде решение.

Leave a Reply