Како дел од договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, од израелските затвори беа ослободени 30 затвореници, меѓу кои 15 жени и 15 деца, јавува Anadolu.
Израел ослободи 30 палестински затвореници во согласност со договорот постигнат со Хамас.
Во претходното соопштение на Здружението на палестински затвореници беше наведено дека ќе бидат ослободени 30 затвореници од израелските затвори, од кои 15 жени, а 15 деца.
Заедно со огласот беше објавен и список на затвореници кои ќе бидат ослободени.
Од друга страна, во соопштението на израелската армија се наведува дека на територијата на Израел пристигнале 12 затвореници, меѓу кои 10 Израелци и двајца странски државјани.
Во петокот на 24 ноември стапи на сила договорот за четиридневна хуманитарна пауза во судирите меѓу Израел и Хамас.
Во понеделникот вечерта Катар соопшти дека хуманитарната пауза е продолжена за уште два дена, при што ќе се изврши натамошна размена на затвореници.
Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, повеќе од 15.000 Палестинци се убиени, меѓу кои 6.150 деца и 4.000 жени.
Официјалниот број на загинати во Израел е 1.200.