Судот во Бразил наложи ослободување на поранешниот бразилски претседател Лула да Силва, пренесуваат агенциите.
Според олуката на судот, лула мора да биде ослободен од затворот во Куритба до завршување на жалбената постапка.
Тој е осуден на затворска казна од 12 годии и еден месец поради корупција и перење пари, но секогаш тврди дека е невин, наведувајќи дека пресудата е политички мотивирана.
Анкетите спроведени пред да биде осуден во април покажуваа дека е фаворит на претстоечките избори, кои треба да се одржат во октомври.
Тој беше претседател на Бразил од јануари 2003. година до декември 2010.