Маж во инвалидска количка фрлил неколку запаливи средства во Кралската палата во норвешкиот главен град Осло, јави германската агенција ДПА, повикувајќи се на полицијата на главниот град на Норвешка.
Loading...
Во извештајот се наведува дека човекот прво на очевидец му рекол дека има бомба, а потоа фрлил два молотови коктели зад палатата.
Од полицијата додаваат дека пожарот брзо бил изгаснат и дека мажот е приведен, а причината за нападот на палатата се уште не е позната.