Кевин Крикмен се борел со својата тежина уште како тинејџер. Во неодамна објавената епизода од серијата „Brand New Me“, тој опиша дека барал засолниште во нездрава храна и видео игри.
„Никогаш не сум имал девојка, никогаш не сум била на забава. Бев зависен од World of Warcraft и целиот мој свет се вртеше околу таа игра”, рече тој.
View this post on Instagram
Кевин дошол до 150 килограми на 18 години.
„Сфатив дека мора да се сменам. Не сакав да умрам сам. Не се занимавав со спорт, па заклучив дека клучот за губење на тежината е во исхраната”, рече тој.
View this post on Instagram
Упорноста го довела до 80 килограми. Тој го трансформирал своето тело, но по драстичното слабеење, останал со вишок кожа. Затоа, во 2014 година тој бил опериран за отстранување на вишокот кожа.
„Никогаш не се помирив со лузните оставени на моето тело. Се чувствував како Франкенштајн. Не сакав да ја соблечам кошулата”, додава тој.
View this post on Instagram
Тоа чувство преовладувало на два начина. Прво, тој започнал да го покрива своето тело со тетоважи за да ги прикрие лузните.
Второ, тој започнал да вежба за да создаде мускули. Со текот на времето, тој успеал да развие самодоверба и да ја соблече кошулата на плажа.
View this post on Instagram
Сега живее и работи како модел и инфлуенсер.
„Повеќе не се срамам. Конечно се чувствувам слободен во кожата”, заклучи Кевин.