Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска упати апел до граѓаните да не се злоупотребува мерката за слободно движење поради извршување на земјоделски работи.
Loading...
Со ваквата мерка Владата им дозволи на земјоделците да се движат во атарот на селата каде обработуваат ниви, но ОШЗС апелира мерката да не се злоупотребува.
Воедно апел и до сите граѓани да го почитуваат полицискиот час и да не излегуваат без потреба.
– Апел до граѓаните да се почитуваат мерките и полицискот час и без итна потреба да не излегуваат за време на полицискиот час и доклку имаат потреба од лекови со истите да се снабдат пред отпочнување на полицискиот час, освен во итни случаи, велат од штабот.
Никола Ивановски