Оштетил инвентар во угостителски објект во Куманово, па бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишник бил приведен ноќва по пријава дека оштетувал инвентар во угостителски објект во Куманово.

Loading...

– Денеска (06.01.2025) во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле Ф.Ц.(25) од Куманово и С.Ц.(44) од с.Челопек, општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир и оштетиле од инвентарот, по што Ф.Ц. агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од кумановската полиција, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски