Оштетени шест возила во Куманово за време на прославата на Денот на албанското знаме

Сподели со своите пријатели

Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме,  а едно лице е приведено.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, собирот бил ненајавен и се одржал в период од 18:00 до 22:00 часот.

Едно лице било приведено.

Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од кумановската полиција.

 

 

Исто така, додаваат од СВР Куманово, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, а констатирани биле 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од Закон за возачка дозвола.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, полицијата му пронашла кафеава прашкаста материја

– По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

Сепак, вчерашниот собир предизвика меѓуетничка нетолеранција откако беше сквернавено македонското знаме.

Очигледно повеќе инциденти се регистрирани преку социјални мрежи, отколу во полициските билтени.

 

 

Така на снимките кои кружат можеше да се види попречување на сообраќај, дивеење по улиците, скандирање „УЧК“, пеење националистички песни и ред други инциденти.

На една од снимките се тврди и дека кај спортската сала, група Македонци натепале Албанец кој таму дошол да пука петарди и да ги провоцира.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Студено, со врнежи од дожд и снег

Има и објава во која се палат знамиња на т.н. „Голема Албанија“.

 

 

Вчерашните инциденти остро ги осуди градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој ги повика институциите итно да реагираат.

– Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода неколку локации во Куманово

 

Loading...

 

Инцидентите и дивеењето по улиците започнаа вчера попладне по организирана прослава на градскиот плоштад, а траеја до доцните вечерни часови.

Предизвикаа гнев и осуда кај јавноста, а покренаа и лавина коментари со меѓуетничка нетрпеливост.

Никола Ивановски