Оштетени билборди на ДУИ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 12,30 часот во Куманово на крстосницата од улиците „11-ти Октомври“ и „11-ти Ноември“, како и на улицата „ЈНА“ од страна на непознат сторител било извршено оштетување на два билборди на кои бил поставен материјал од политичката партија ДУИ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.