Оштетена новата урбана опрема на кејот во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Новата урбана опрема поставена неодамна на Градскиот кеј во Куманово деновиве беше повторно мета на вандали.

 

 

Окторнати и скршени клупи, расфрлани канти за смет, ова е глетката која вчера наутро можеше да се забележи на шеталиштето на кејот.

– Сакале или не, ќе мора да разбереме дека оваа е наш заеднички имот за кој треба да се грижиме сите заедно, ние ќе продолжиме со поставување на нова урбана опрема (клупи и канти за отпадоци) низ сите делови на градот, вели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само ВЛЕН и ДУИ ќе се тркаат за градоначалник на Липково

За најновиот вандалски чин, се огласија и од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

– И покрај големите напори што ги прават ЈП „Чистота и зеленило“ и општина Куманово, за да се зачува урбаната опрема во градот, да биде во добра кондиција и во секое време да им стои на располагање на неговите жители, сепак неодговорни и несовесни граѓани вандалски се однесуваат кон урбаната опрема и често се случува да бидат оштетени и откорнати корпите за ситен комунален отпад, како и скршени и откорнати клупи за седење, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.

 

 

Надлежните апелираат на совесно однесување од граѓаните, а секој кој ќе забележи било какво оштетување на јавен имот веднаш да пријави во ошштината или во полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Весна Петрушевска – лауреат на Денови на комедија 2025 (ВИДЕО)

 

 

 

Никола Ивановски