На Џек Досон (38) му бил дијагностициран рак на коските откако побарал лекарска помош за болки во мускулите бидејќи бил убеден дека ја истегнал.
Тој трагично почина седум месеци подоцна, оставајќи три деца: Ева (6), Анабел (4) и 20-месечниот Џорџ.
Досон беше рагби играч и неодамна се преселил во Свонси на универзитет и се здобил со име во рагби заедницата низ Јужен Велс.
Покрената е кампања за собирање средства за младото семејство на Џек, како и пари за финансирање спомен или клупа со поглед на една од неговите омилени плажи во Свонси, пишува Wales Online.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Велс, Рајан Џонс беше еден од оние кои ги повикаа луѓето да ја поддржат оваа акција.
Џек беше познат од многумина како спортист и отворен човек кој импресионираше многу луѓе каде и да се појави.
Му бил дијагностициран рак на коските откако побарал лекарска помош бидејќи бил убеден дека можеби го повредил мускулот, а по седуммесечна битка Џек за жал починал.
– Тоа излезе буквално од ведро небо и потресе се. За некој кој бил толку здрав и во форма, тешко е да се прифати и поверува. Многу неправедно – рекол најдобриот пријател Џек Персел.
Џек реши да ги продолжи своите академски студии на Универзитетот Свонси по натпреварот против неговиот тогашен рагби клуб Бирмингем Мозли во 2003 година.
– Тој навистина го сакаше животот и многу патуваше, познаваше луѓе од целиот свет откако неколку години живееше во Австралија пред да се врати во Јужен Велс. Ме контактираа луѓе од Австралија, Канада, Америка и Хонг Конг, зборувајќи за влијанието што тоа го има врз нив и сакајќи да помогнат. Остави траен впечаток кај луѓето – додаде г-дин Персел.