Оружје и возила на Армијата на САД денес пред граѓаните на Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре со почеток во 14.00 часот на паркинг просторот пред спортската сала и градскиот базен во Куманово, ќе се реализира пригодна церемонија за означување на  почеток на планираните активности на заедничката воена вежба на Армијата на Република Македонија и Kомандата на копнените сили на Армијата на САД за Европа „Dragoon Guardian 17“.

На официјалниот дел ќе присуствуваат и ќе се обратат Mинистерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Aмбасадорот на САД во Република Македонија Џез Бејли, Kомандантот на Здружено оперативната команда бригаден генерал Зоран Милески и Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Во продолжеток присутните ќе имаат можност да  проследат презентација на дел од воените возила и опрема на Армијата на САД, но и преку директна комуникација со припадниците на АРМ и Aрмијата на САД поблиску да се запознаат со опремата и постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на двете армии.

Вежбата „Dragoon Guardian 17“ која ќе се одржи од утре до 10 август има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на АРМ, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД.

Почетокот на активностите за официјалниот дел е во 14.00 часот кога ќе бидат свечените обраќања, а интеракција со цивилното население ќе продолжи до 16.00 часот,

 

Loading...