Оркестарот „Симфониум“ од Гимназијата „Гоце Делчев“ отвора врати за нови членови

Сподели со своите пријатели

Оркестарот „Симфониум“, кој функционира во рамки на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, објави повик за зачленување на нови членови и отвора можност за сите љубители на музиката да станат дел од овој музички колектив.

Од оркестарот информираат дека пријавувањето е отворено за музичари од различни возрасни категории, без ограничувања, а учеството и часовите се целосно бесплатни.

Членовите на „Симфониум“ имаат можност да настапуваат на концерти и културни настани во Куманово, низ државата, како и на гостувања и настапи надвор од Македонија.

Со овој повик, оркестарот има за цел да го збогати музичкиот живот во градот и да им овозможи на младите и на сите заинтересирани музичари простор за развој, учење и јавно настапување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал со нож на сограѓан, па со негово возило оштетил други две

За повеќе информации и пријавување, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 074 208 763 или да стапат во контакт преку профилот @simfonium.

Никола Ивановски