Орбан ѝ порача на ЕК: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки

Loading...
Сподели со своите пријатели

Европската комисија треба да го фокусира своето внимание на предизвиците во кои направи сериозни грешки во последните години, како што се енергетската криза и падот на европската конкурентност, изјави премиерот на Унгарија.

Откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да овозможат „Парадата на гордоста“ да се одржи во Будимпешта без закани за казни за организаторите и учесниците, се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој на социјалната мрежа X изјави:

„Ја повикувам Европската комисија да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, во кои нема никаква улога. Исто така, ја повикувам Комисијата да ги фокусира своите напори на итните предизвици со кои се соочува ЕУ – на областите во кои навистина има јасна улога и одговорност, а во кои направи сериозни грешки во последните години, како што се енергетската криза и падот на европската конкурентност.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновена е најдолгата железничка линија во светот Москва-Пјонгјанг

Полицијата во Будимпешта ја забрани „парадата“, закажана за 28 јуни, бидејќи лицата под 18 години би учествувале во „забрането однесување“.

Полицијата соопшти дека може да има и „пасивни жртви“, т.е. луѓе кои не сакале да бидат дел од собирот, но поради јавниот карактер на манифестацијата, ќе бидат принудени да бидат набљудувачи.

Кон средината на април, унгарскиот парламент усвои уставен амандман со кој ѝ се дозволува на владата да забрани јавни активности на ЛГБТ заедницата.

Новиот амандман им овозможува на Унгарците кои имаат двојно државјанство во земја надвор од Европската економска зона да им биде суспендирано државјанството доколку се смета дека претставуваат закана за јавниот ред, јавната или националната безбедност.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во касарна во Германија: Загина 26-годишник!