Орбан: Унгарија мора да избегне учество доколку НАТО интервенира во Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарија мора по секоја цена да избегне учество во евентуална интервенција на НАТО во Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.

Loading...

Орбан рече дека Унгарија не треба ни да учествува во фазата на планирање, додавајќи дека постои ризик унгарските воени единици да бидат префрлени под команда на НАТО доколку мисијата на Алијансата во Украина биде лансирана и дека унгарската територија би можела да се користи за таа мисија, пренесува агенцијата МТИ.

„Ќе изгубиме витален дел од нашиот суверенитет доколку тоа се случи и нема да можеме да ги држиме унгарските трупи надвор од војната“, рече Орбан.

Според него, моментот кога Унгарија ќе се повлече од сите подготовки на НАТО за мисијата во Украина „е многу блиску“, но тој објасни дека за таков чекор прво мора да се разговара со сегашниот и идниот генерален секретар на НАТО.

„Мораме јасно да ставиме до знаење дека Унгарија има право да се придржува до основниот договор за НАТО што го потпишавме“, рече Орбан и потсети дека договорот е дефиниран како одбранбен акт.

Унгарскиот премиер оцени дека Европа е „во состојба на воена психоза“, што логично може да резултира со пристигнување на западноевропски воени единици на територијата на Украина.

„Оние кои тврдат дека нема директна закана од ескалација на војната, ги мамат луѓето. Тие се обидуваат да ги замолчат политичарите кои се залагаат за мир“, рече Орбан, наведувајќи ги како примери нападот врз словачкиот премиер Роберт Фиц и блокирањето на онлајн извештаите за Мировниот марш што се одржа во Будимпешта минатата сабота.

Орбан истакна дека Русија „не е земја од трета класа“ и предупреди дека Европа е само „малку подалеку од точката од која нема враќање“.

Loading...