Унгарија е длабоко во четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот, а тешкиот дел сѐ уште се чека, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во редовното неделно интервју за државното радио.
Орбан истакна дека вакцината е единственото нешто што обезбедува заштита, пренесува унгарската агенција МТИ.
– Оние кои не се вакцинирани се во смртна опасност – рече Орбан, посочувајќи дека невакцинираните „претставуваат опасност не само за нив, туку и за сите други“.
Унгарскиот премиер предупреди дека рестриктивните мерки не можат да обезбедат заштита од вирусот, туку само да го забават неговото ширење меѓу населението.
– Четири до шест месеци по втората вакцина, имунизацијата ќе се намали и тогаш е оправдано да се земе бустер доза – рече Орбан, напоменувајќи дека „да се вакцинираат сите, немаше да има четврти бран или ќе беше само помал бран.