Орбан: Светот е побезбедно место по средбата меѓу Трамп и Путин

Сподели со своите пријатели

Светот е побезбедно место по средбата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја расклопуваат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки една на друга. Сега тоа е завршено. Денес светот е побезбедно место отколку што беше вчера“, напиша Орбан на Фејсбук.

Разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп се одржаа во Алјаска. Тие започнаа во петок околу 21:30 часот по средноевропско време и траеја околу три часа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И по средбата Путин – Трамп, Русија повторно ја нападна Украина

По средбата, Трамп рече дека директните разговори со Путин не доведоа до договор за прекин на војната на Москва во Украина, иако ја оцени средбата како „многу продуктивна“.