Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки пресврт

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина доби загрижувачки пресврт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по состанокот на Унгарскиот совет за одбрана, наведувајќи дека, и покрај сите напори на американскиот претседател Доналд Трамп, војната се продлабочува.

Loading...

Орбан во видео, кое беше објавено на социјалните мрежи доцна синоќа, изјави дека „бриселските бирократи не ги поддржуваат мировните планови на Америка“.

Тој повтори дека Унгарија се спротивставува на продолжувањето на војната во Украина и ги поддржува мировните напори на Трамп, додека Брисел, како што изјави, одлучи дека Украина треба да ја продолжи војната, објави МТИ.

Орбан рече дека раководството на Брисел ќе ја стави Унгарија под огромен притисок да се приклучи на „провоената европска коалиција“ и дека Унгарија ќе се спротивстави на тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лула да Силва: Бајден сакаше Русија да биде уништена

Тој истакна дека Советот за одбрана донел „неопходни одлуки“ во интерес на безбедноста на земјата.

– Ќе продолжиме да го браниме суверенитетот на Унгарија и безбедноста на унгарските семејства – рече Орбан.