Орбан: Русија не падна на колена, а европските економии крварат до смрт

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека политиката на санкции на Европската унија кон Русија мора да се промени, бидејќи не е постигнат очекуваниот ефект.

Loading...

Во видеото на Фејсбук, во пресрет на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ, што се одржува во Прага, тој порача дека на тој состанок мора да се разговара за некои „тешки теми“.

– Дали европските земји ќе имаат гас и струја во наредните месеци – праша Орбан.

Тој рече дека Унгарија претходно успешно се борела да добие ослободување од нафтените ембарга и санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

– Во последните денови земјата постигна и ослободување од новите санкции кои влијаат на снабдувањето со нуклеарна енергија и гас – рече унгарскиот премиер и додаде дека санкциите доведоа до „драстичен скок“ на цените на енергијата, што е речиси невозможно да се плати.

Како што истакна, Русија воопшто не паднала на колена и европските економии „крварат до смрт“.

– Стана очигледно дека политиката на санкции мора да се промени – заклучи Орбан.