По посетата на Киев и Москва, унгарскиот премиер Виктор Орбан, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, даде интервју за германски Билд.
Интересен и значаен клип од тоа интервју на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„За Путин сè е едноставно. Погледнете ги фактите, изворите на енергија, населението. Путин не може да изгуби, тоа е многу логично. Ако го погледнете бројот на војници, оружје и технологија користени во војната, поразот на Русија е нешто што е многу тешко да се замисли. Веројатноста дека Русија може да биде поразена е невозможно да се пресмета“, рече Орбан во тоа интервју.
После тоа ги коментираше неговите разговори со Зеленски и Путин.
„Им го поставив истото прашање и на двајцата“
„Ги прашав двајцата шефови на држави (Зеленски и Путин) дали има некаква шанса да се согласат на привремено примирје што ќе ги забрза мировните преговори. Да се започне од прекин на огнот. Затоа што во моментов сите размислуваат во друга насока, тие прво сакаат да постигнат мировен договор, па дури потоа да прогласат прекин на огнот, рече Орбан.
„И Русите и Украинците одговорија исто: Примирјето е во интерес на непријателот бидејќи за време на прекинот на огнот ќе имаат време да се реорганизираат и да се подготват за продолжување на војната“, додаде унгарскиот премиер.
Hungarian Prime Minister Orbán on how it is impossible to imagine losing to Russia:
“For Putin, everything is simple: look at the facts, energy sources, population. Putin can’t lose, it’s very logical. If you look at the soldiers, weapons, and technology used in the war,… https://t.co/tIRCJvrd22 pic.twitter.com/J37KyeC4bY— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 8, 2024