Орбан: Повиците на ЕУ за дијалог и мир ќе зачестуваат

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека очекува да бидат почести повиците на Европската унија за прекин на огнот во Украина и дијалог меѓу завојуваните страни.

Loading...

Тој во интервју за унгарското државно радио рече дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.

„Здравиот разум ќе надвладее порано или подоцна“, рече тој.

Тој додава дека долгорочно решение меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку договор.

„Завршувањето на војната без јасен договор само ќе го одложи за годините што доаѓаат“, рече Орбан, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русите со дронови нападнаа енергетски објекти во Суми

Премиерот посочи дека западните земји кои ја поттикнаа војната ќе мора да ги платат сметките за обнова на Украина.

„Тоа е незамисливо голема бројка“, нагласи Орбан.

Орбан заклучил дека Украина и пред војната не можела самостојно да заработи доволно пари за да го финансира нормалното функционирање на земјата и дека по конфликтот сигурно ќе биде во уште поголеми економски проблеми.

Loading...