Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека од три причини не можел да ја поддржи заедничката изјава на 26 лидери на земјите-членки на Европската Унија дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.
На својот Фејсбук профил, Орбан изјави дека соопштението се обидува да „наметне“ услови за преговори на кои лидерите на ЕУ дури и не се поканети.
Тој, исто така, изрази жалење што Европската Унија е „маргинализирана“ во процесот и предупреди дека би било уште полошо ако ЕУ е само „пасивен набљудувач кој ги извршува наредбите“.
Унгарскиот премиер истакна дека единствениот разумен чекор за лидерите на ЕУ е да иницираат самит ЕУ-Русија, по моделот на најавениот состанок меѓу САД и Русија, кој треба да се одржи во петок, 12 август.
„Да му дадеме шанса на мирот“, рече Орбан.
Дваесет и шест лидери на земјите-членки на Европската Унија објавија дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина и дека секое дипломатско решение мора да ги заштити украинските и европските безбедносни интереси.
Во заедничката изјава, усвоена доцна вчера и објавена денес, се вели дека разговорите „можат да имаат смисла само во контекст на прекин на огнот или намалување на непријателствата“, објави Ројтерс.
Соопштението го потпишаа лидерите на сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија.