Орбан: Ново утро ќе се раздени за Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „на Западот ќе му се раздени нова зора“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, со што ќе заврши „горчливите, тешките, болните и неуспешните четири години“ на демократската администрација.

Loading...

Орбан рече дека демократската администрација започнала „лошо“ бидејќи тие „ја украле претседателската функција од Доналд Трамп“.

„Да не беше нивната измама во 2020 година, Трамп ќе останеше претседател, а војната меѓу Украина и Русија немаше да се случи“, рече Орбан, пренесе МТИ.

Премиерот посочи дека демократските администрации секогаш се разликуваат од републиканските, бидејќи, според него, основата на републиканците е национална, додека демократите се „глобалисти“ кои ги наметнуваат своите интереси преку глобалните организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една земја подготвена да биде домаќин на средбата Путин - Трамп за Украина

Орбан изјави дека демократите ги ставаат економските интереси пред политиката и имаат „силни намери да го направат светот подобро место“.

„Ова води до поплава од миграции и хаос и тие не се двоумат да ја искористат војната за да ги постигнат своите цели, како што направија во војната меѓу Русија и Украина“, рече Орбан.