Орбан: Нема да ставиме вето на санкциите на ЕУ против Москва, го осудуваме рускиот напад врз Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Москва бидејќи Будимпешта го осудува рускиот напад врз Украина.

Loading...

„Нема да ја блокираме ЕУ да воведе санкции кон Русија. Единството на ЕУ сега е најважно“, рече Орбан.

Тој оцени дека до неодамна врските на Будимпешта со Москва биле „урамнотежени и праведни“, но тоа се променило.

„Почетокот на војната создаде нова ситуација и за Унгарија. Треба да ги прилагодиме унгарските цели и интереси на новонастанатата ситуација“, рече Орбан.

Унгарија во средата соопшти дека примила повеќе од 100.000 бегалци од Украина, според Ројтерс.

Орбан оцени дека нема причина да се прекинат енергетските врски со Русија, како што е договорот вреден 12,5 милијарди евра, поврзан со проширувањето на капацитетот на унгарската нуклеарна централа Пакс, која обезбедува околу 50 отсто од електричната енергија произведена во земјата.

Лидерите на ЕУ рекоа дека санкциите не можат да влијаат на снабдувањето со енергија од Русија, бидејќи тоа ќе и наштети на европската економија.

Истото важи и за проектот за проширување на електраната Пакс, без кој би морале да увезуваме уште повеќе руски гас, по уште повисока цена, рече Орбан.

Loading...

Според него, на Европа и треба силна армија и одбранбена индустрија, бидејќи повеќе не може да се потпира исклучиво на Вашингтон кога станува збор за безбедноста.

Треба да можеме да ја обезбедиме европската безбедност на наша сметка, одржувајќи сојуз со САД.

Тој предизвик подразбира значително повисоки воени трошоци, па додека го намалуваме буџетскиот дефицит и јавниот долг, треба да направиме исклучок во одбранбената политика, рече Орбан.