Орбан: Не смееме да дозволиме Брисел да ни земе уште пари, тоа може да нè вовлече во трка во вооружување

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека следната година ќе покаже дали „бриселските бирократи кои градат империја“ ќе можат да одземат уште повеќе надлежности и пари од земјите-членки на Европската Унија отколку порано.

Loading...

Орбан изјави за јавното унгарско радио дека слични чекори се „стандарден одговор“ на кризите во Брисел и дека „потоа се покажа дека не можат да ги користат проширените овластувања и дека не можат да ја надминат кризата“, пренесува МТИ.

„Нема смисла да се откажуваме од овие овластувања. Не смееме да дозволиме Брисел да земе уште повеќе пари, уште повеќе овластувања, за да земе уште повеќе кредити и да нè вовлече во долгови или да изгради централизирани економски контроли“, рече Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарите стравуваат од воведувањето евро

Тој оцени дека едно од најтешките прашања е „колку Европа треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети“.

„Лесно би можеле да бидеме вовлечени во трка во вооружување со Русите, а тоа би ги изело унгарските пари“, предупреди Орбан.