Орбан го прогласи јавниот сервис за терористичка организација

Сподели со своите пријатели

Орбан за јавниот сервис рече дека владата ќе состави национален список на терористички организации и ќе преземе најстроги можни мерки против нив, нагласувајќи дека државата мора да биде лидер во обезбедувањето дека сите „пријавени криминални намери“ нема да останат неказнети.

Унгарскиот премиер оцени дека животот во Европа „се влошува“ и дека „околината се менува против нашата волја, поттикнувајќи агресија“, што влијае и на политичкиот дискурс, пренесува МТИ.

– Наскоро само централна Европа, и главно Унгарија, ќе се смета за остров на мирот – рече Орбан и нагласи дека владата сака јасно да стави до знаење дека Унгарија сака да остане мирна и безбедна земја, пренесува Танјуг

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија воведува дигитални лични карти, ја отежнува нелегалната работа