Орбан го повика Ердоган да ја поддржи мировната мисија за Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон за мировната мисија во Украина.

Loading...

Орбан побара од Ердоган да ја поддржи мировната мисија.

Тој рече дека Турција е единствената земја која досега успешно посредувала меѓу Киев и Москва во руско-украинската војна, изјави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На 5 јули, Орбан беше во ненајавена посета на Моксва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше со него, меѓу другото, за ситуацијата во Украина, а претходно на 2 јули го посети Киев и разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По повод посетата на Орбан на Москва, претставниците на ЕУ тогаш објавија дека тој нема мандат да ја претставува ЕУ во разговорите со Русија, додека Орбан посочи дека Унгарија, како земја претседавач со ЕУ, има нема мандат да преговара во име на Унијата, туку дека сака да преземе чекори кон мир во Украина.

Орбан потоа отпатува за Кина каде разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг.