Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе пристигне во еднодневна официјална посета на Австрија.
Loading...
Главни теми на разговорот со канцеларот Карл Нехамер, како што е најавено во Виена, ќе бидат војната во Украина и нејзините последици, како и прекуграничната соработка во борбата против илегалната миграција.
Нехамер најави дека ќе му постави прашање и на Орбан во врска со неговата неодамнешна изјава дека Унгарците не сакаат расно мешање, како и за Германија и гасните комори.
Најавено е дека Нехамер и Орбан ќе разговараат и за Западен Балкан, односно за напорите за поттикнување на процесот на проширување на ЕУ.