На хоризонталните линии се појавуваат црно-бели квадрати, но оваа оптичка илузија е понапорна отколку што изгледа на прв поглед.
Имено, секој квадрат се појавува помеѓу две места обоени во контрастна боја, а се поставени нерамномерно едно над друго.
Начинот на кој се наредени создава илузија дека линиите се речиси закривени, но кога ќе погледнете внимателно, јасно е дека линиите на кои стојат квадратите се всушност хоризонтални. Оваа „искривена“ слика беше објавена и на Reddit, со прашањето
„Ги гледате ли хоризонталните линии?“, а на многумина им требаlo долго време да сфатат дека всушност е „рамна“.
– Ја гледам сликата и се чини дека се ‘лула’ – напишал еден корисник, но имало и такви кои не се замарале.
– Треба само да набљудуваш во мир – додаде друг.
Што гледате, нерамни или прави линии под квадратот?, прашува авторот на илузијата за The Sun.