Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово донираше спортски реквизити за основните и средни училишта во градот.

Како што информираше денеска претседателот Марјан Нојковски, станува збор за топки кои се донираат во рамки на годишната програма за 2025 година.

– Целта е подобра и поквалитетна настава на часовите по Физичко и здравствено восптување и за училишните спортски клубови кои настапуваат во училишните лиги и турнири организирани од ОСУС Куманово, вели Нојковски.

Топките ги подигнаа наставниците по ФЗО и Спорт од училиштата.



Никола Ивановски

