Општинскиот буџет за 2016 предвидува помалку пари за културни настани

Сподели со своите пријатели

Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа Општина Куманово, според проекциите и буџетското распределување на средства за 2016 година, општината ќе ги намали финансиите наменети за културни настани и манифестации, соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски одговарајќи на советничко прашање за тоа зошто доцни исплатата на пари за културни настани организирани од Српската заедница во текот на 2013/14 година.

Loading...

Советникот Саша Николиќ од Демократската партија на Србите во Македонија на вчерашната седница на Советот посветена исклучиво на советнички прашања, од Секторот за култура и образование побара одговор за тоа кога Српската заедница ќе ги добие ветените средства за настани од 2013 и 2014 година, при што, како што беше објаснето од надлежните, се прават напори за делумна исплатата на задоцнените средства кои секторот треба да ги исплати за организација на културните и спортски настани во изминатиот период.

Буџетот предвидува рестрикција на средствата за култура во сите области поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа општината, потенцираше Дамјановски, воедно изразувајќи незадоволство за фактот што градоначалникот не добил покана за комеморацијата по повод 103 години од Кумановската битка што во организација на Српската заедница на 24 октомври се одржа на споменикот Зебрњак.