Општинската изборна комисија во Куманово интензивно се подготвува за претстојните избори

Сподели со своите пријатели

Членовите на Општинската изборна комисија во Куманово интензивно работат на комплетирање на избирачките одбори во пресрет на претстојните локални избори закажни за 15 октомври.

Според Звонко Николовски, претседател на Општинската изборна комисија, сите работат непречено и се држат согласно роковникот утврден од страна на Државната изборна комисија.

Куманово како најголема општина во државата има 167 избирачки места. Вчера имавме средба во ДИК за одредена техничка измена така што и тоа е завршено – изјави Николовски.

Во моментов членовите на Општинската изборна комисија работат на решенијата кои ќе се достават до избирачките одбори.

Куманово има 167 избирачки места, Старо Нагоричане вкупно 38, а две помалку, односно 36 избирачки места има општината Липково.