Општинска зграда ќе биде изградена на „Чоробенско ќоше“

Сподели со своите пријатели

На локација „Чоробенско ќоше“, спроти зградата на поранешен Комитет, се планира изградба на нова административно-деловна зграда.

Овој објект би требал да ги обедини обединиле општинските служби кои во моментов се распоредени на повеќе адреси.

Советниците на последната седница дадоа зелено светло ова земјиште да може да се додели под долгорочен закуп преку непосредна спогодба, за изградба на објекти од јавен интерес.

Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, појасни дека проектот велече корени од 2011 година и веќе има неколку авторски решенија како би изгледал.

„Проектот за изградба на општинска зграда административна деловна зграда е од 2011 година. Тогаш е распишан анонимен конкурс за избор на идејни решенија. Пристигнати се пет идејни решенија поделени се прва, втора, трета награда меѓутоа, авторските права за сите идејни решенија се откупени и се во сопственост на Општина Куманово, додаде Сларидис Јаневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка со фотографии уценувала сопственик на угостителски објект

Како што појасни, врз основа на првонаграденото идејно решение подоцна во 2013 година преку средства обезбедени од североисточниот плански регион е изготвен основен проект со сите фази.

Сепак, Општина Куманово досега нема доволно финсиски средства сама да го изгради овој објект, а постојат и имотно-правни пречки во овој момент.

– Општина Куманово до денес не располага со средства, а и самото земјиште, парцелата градежна има голем број на објекти коишто се дел во приватна сопственост дел узурпирани и за кои било поднесено барање за легализација, па потоа се одбиени, бидејќи не ги исполнуваат условите да бидат легализирани-објектот сè уште не е изграден, додаде секретарот на општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој подолг период ѝ се заканувал на поранешната сопруга

Парцелата опфаќа над 3.000 квадратни метри во строгиот центар на градот. Планираниот објект треба да овозможи централизирање на општинската администрација, како и сместување на дел од јавните претпријатија, додека во него се предвидени и простории за работа на Советот на општината.

Според предвиденото решение, објектот ќе има и две подземни нивоа за паркирање, што би придонело за ублажување на проблемот со недостиг на паркинг места во центарот на градот.

Никола Ивановски