Општината ќе ги почести матурантите со забава во „Summer Club Space“

Сподели со своите пријатели

Матурантите од сите средни училишта од Куманово утревечер ќе бидат дел од заедничката матурска забава која ќе се одржи во Summer Club Space, а е во организација на Секторот за култура при Општина Куманово.

Околу 750 матуранти ќе бидат дел од забавата, чиј покровител е градоначалникот и Советот на Општина Куманово, кои на симболичен начин на младите ќе им укажат дека својата иднина може да ја пронајдат во градот кој во нив ја гледа перспективата.

Сите матуранти кои се од сите средни училишта, заедно со своите класни раководители и директори на училишта ќе бидат присутни така во неколкучасовна забава ќе го прославиме нивното полнолетство и матурирање и да посакаме едукативниот процес да го продолжат според нивните способности и желби во насока како тие очекуваат да бидат интегрирани во оваа општество. Ова е од 2008ма, некаде осма по ред забава со матуранти, на разни локации сме правеле. Ги поканувам сите матуранти, тие сега се пред матурски испит, но ништо нема да значи една неколкучасовна дружба, да дадеме еден поттик на младите дека Куманово е место каде треба да ја градат својата иднина – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Забавата ќе започне во 23 часот, а за добрата музика ќе биде задолжен DJ Zdravko кој со одличен микс од македонска и екс-ју музика ќе ги забавува младите до раните утрински часови. Матурантите ќе добијат гратис влезници кои се веќе доставени во нивните училишта, а со нив ќе следува и по еден бесплатен пијалок.

Утре општината ќе ги прогласи и учениците на генерацијата од основните и средни училишта во градот, а во рамките на одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.